Груевски без оценка за работата на Мицковски, вели дека треба да му се остави време
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека ретко се среќава со неговиот наследник Христијан Мицковски, кој, како што тврди, самостојно ја води партијата.
- Не би ја оценувал работата. Тоа е ново раководство кое има свои приоритети и треба да се остави време да се покажат со своето работење и капацитети. Верувам дека работите ќе одат во добар правец, рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Мицковски се консултира со него за одлуките што го носи.
Во однос на процесите што се водат во Кривичниот суд против него, оцени дека ако се работи согласно закон не само што не треба да ме осудат, воопшто не требаше да има судење.
- Судот од старт требаше да ги отфрли овие обвинувања. Ова стана еден вид театар на апсурдот. Кога имате заробено судство и не се работи според закон се е можно, но да оставиме можност за судиите да работат по закон, изјави Груевски пред Кривичниот суд во Скопје каде што денеска се одржа рочиште за „Насилството во Центар“.
Ново на Сител
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип