Груби: Спасовски и Буши подготвени да помогнат во распределбата на административните службеници
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот заменик Назим Буши разговарал за распределбата на административните службеници вработени преку програмата К5, а кои не се распределени на работни места.
– Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија конечното решение на прашањето за административните службеници кои досега не беа распределени на работни места.Тие изразија подготвеност за соработка и заеднички успех, напиша Груби на својот фесјбук-профил.
Претходно, како што посочува Груби на ФБ статусот, остварил средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која, според него, исто така изразила подготвеност да помогне и да ја поддржи распределбата на К5 административните службеници.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?