Груби пречекан од Рама со пораката census.stat.gov.mk
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за време на вториот ден од престојот во Албанија, денеска оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.
Рама, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, го пречекал Груби со пораката census.stat.gov.mk.
Двајцата соговорници го поздравиле фактот дека меѓу двете држави нема ниедно отворено прашање, а на средбата станало збор и за спорот меѓу Македонија и Бугарија при што се согласиле дека проблемите и отворените прашања меѓу соседите треба да се надминат преку дијалог.
Груби и Рама размениле мислења и за Коридорот 8, за кој албанскиот премиер рекол дека тоа е владин приоритет во Албанија, а Груби информирал дека во Македонија се работи на завршување на изградбата на овој коридор.
Двајцата соговорници ја пофалиле досегашната посветеност на дијаспората од Македонија, бидејќи за помалку од еден месец повеќе од 130.000 луѓе одговориле позитивно на поканата за регистрација.
На средбата станало збор и за новите можности за проширување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница