Македонија
26. March 2021 - 15:50

Груби ги повика Власите да се попишат

– Трет ден по ред се одржа состанок на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со претставници на заедниците, овој пат со Власите, со кои се разгледуваше прашањето за пописот во земјата, како еден од важните процеси за Република Северна Македонија, информираа од кабинетот на Груби.

Груби истакна дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците продолжува да биде отворено за соработка со сите заедници во земјата како порта преку која тие можат да најдат поддршка бидејќи само на овој начин општеството во земјата може да биде еднакво.

– Свеста и мобилизацијата за попис на населението беше главната точка на дискусија меѓу соговорниците со посебен акцент на влашката заедница. Претставниците на влашката заедница, како и другите треба да бидат вклучени што е можно повеќе, а локалните институции ви стојат на располагање да ви помогнат, додадоа од кабинетот на Груби.