Груби: Единствен можен датум за избори годинава е 11 декември
Претставниците на четирите најголеми партии се согласија околу текст на договор преку кој ќе се направи проценка дали се исполнети сите услови за одржување кредибилни и сеопфатни избори, изјави Артан Груби од ДУИ по денешните разговори за излез од политичката криза на претставниците на партиите потписници на Договорот од Пржино.
Сепак, додаде Груби, ќе се направи се до крајот на август од страна на четирите лидери на најголемите парламентарни политички партии и ако се исполнети тие услови ќе биде договорен датум за избори.
Груби, како што изјави и вчера, потенцираше дека единствен можен датум за избори годинава е 11 декември според тоа што е потпишано во договорот.
Договорот, појасни, исто така предвидува и ангажман на Собранието на Република Македонија и на Владата околу евроатлантските интеграции, како и спроведување на Охридскиот договор и анализата предвидена во Извештајот на ЕУ.
- Во делот на кадровските промени по завршување на мандатот на пржинската влада првпат во историјата на Република Македонија министер за внатрешни работи ќе биде Албанец, тоа ќе биде заменик министерот во Министерството за внатрешни работи во периодот се до изборот на новата влада, изјави Груби.
Ново на Сител
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца
-
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
-
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО
-
Росатом: Рускиот нуклеарен „штит“ треба да се зајакне во наредните години
-
Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун
-
Утре ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи