Грковска: Очекувам брз и ефикасен резултат од ДКСК за тендерот на фирмата на Елмедин Адеми
Критериумот за најевтина понуда за добивање на тендер не е секогаш најквалитетната и најподобната понуда, изјави денеска вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одговарајќи на новинарско прашање по објавата во медиумите дека за време на локалните избори во 2021 година фирмата „Скрин Медиа“ на Елмедин Адеми, кој е сопственик и на „Еуровиа“, изнајмила билборди и паноа, а истовремено била донатор на партијата за изборите.
Грковска рече дека Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвора случај, како надлежна институција да го испитува ова прашање, а со оглед на тоа дека не се работи за обемен случај, смета дека нема да има потреба од многу време за решавање.
— Очекувам брз и ефикасен резултат од страна на ДКСК, а врз основа на тоа да се изречат мерки, се разбира доколку комисијата утврди дека тоа е така, согласно укажувањата и наодите на она што е направено, рече Грковска.
Ново на Сител
-
Еуроњуз: Јавниот превоз во Македонија меѓу најлошите во Европа
-
Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта
-
Нетанјаху: Израел ќе ги слуша САД, но ќе донесува одлуки во согласност со своите национални интереси
-
НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа | ВИДЕО
-
Нови шест обвиненија за Диди
-
За една недела Царината заплени златен накит, лекови, облека и цигари
-
Мицкоски ги презентира владините економски приоритети пред Стопанската комора на Германија
-
Европската Суперлига ќе започне во 2025 година