-->
-->
Грковска: Национален совет за дигитална трансформација на општеството за системски пристап на процесот
-->
На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата на денешната 82-ра седница донесе одлука за основање на Национален совет за дигитална трансформација на општеството.
Како што соопштија од владината прес-служба, со Советот ќе претседава вицепремиерката за политики за добро владеење, а како членови ќе бидат вклучени министрите за информатичко општество и администрација, за внатрешни работи, за финансии и за одбрана, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, како и претставници од Собранието, бизнис секторот, банкарскиот сектор и од локалната самоуправа.
-Целта на формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите како и ефикасно справување со предизвиците што таа ги носи. Советот, меѓу другото, во својот делокруг на работа ќе планира и предлага иницијативи и оперативни планови за дигитална трансформација на општеството, ќе учествува во изготвување на предлог-план за оптимизација на внатрешните процеси, ќе дава предлог мислења, совети за редизајнирање на административните постапки, поедноставување на електронски услуги кон граѓаните и бизнис услугите, ќе воспоставува рамка за стандардизација на државните системи, ќе учествува во градење на капацитети за заштита на државните системи итн, наведуваат од прес-службата на Владата.
Дигиталната трансформација на општеството е еден од стратешките приоритети на Владата, која ја препознава потребата од дигитализацијата како предуслов за брз економски напредок и развој, што во исто време е и потреба и на бизнис секторот. Дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок на секоја компанија, процесот подразбира употреба на дигиталната технологија за промена на бизнис-моделите и зголемување на конкурентноста на пазарот, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро