Грковска на молитвениот појадок во Вашингтон
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок што ќе се одржи утре во Вашингтон.
Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата на САД, Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и со Брус Шварц, заменик-помошник на Јавниот обвинител на САД. Предвидени се средби и со високи претставници на Меѓународната програма за лидерство на Стејт Департментот и на Бирото на УСАИД за демократија, човекови права и управување.
Грковска во Вашингтон ќе учествува на безбедносен форум посветен на штетното кинеско и руско влијание на Балканот, а на посебен настан на Универзитетот Џон Хопкинс, со аналитичарот Едвард Џозеф ќе дискутира на тема „Зошто е толку тешка борбата против корупцијата во мојата земја“.
Ново на Сител
-
Над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна
-
Приведени тројца тетовчани - пронајдени пиштол, стотици куршуми, дрога
-
Кривична за градоначалникот на Росоман - фалсификувал исправи, купувал алкохол, млечни и сувомеснати производи за домашна потрошувачка
-
Рама: Почнавме со подготовките за Самитот на НАТО
-
30 дена притвор за Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Авионско прскање против комарци утре наутро во Скопје
-
ДЗР: Констатирани неправилности и системски слабости во Комисијата за хартии од вредност
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина