Грција ќе воведе плафон на профитната маржа за огревното дрво и пелетите
За да се запре драстичното зголемување на цените на огревното дрво и пелетите, Грција планира да воведе плафон на профитната маржа, како што е веќе пракса и за други производи, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека постои зголемување на цените на дрвото и пелетите во споредба со лани и „логично е да постои поради војната во Украина и енергетската криза, но не е логично да има толку големи зголемувања“.
– За да го спречиме ова, ќе спроведеме плафон на профитната маржа како што правиме за храната и разни други производи. Со службите на Министерството разговараме кој референтен месец ќе го одредиме, рече Георгиадис.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека воведувањето плафон на цените за огревното дрво и пелетите е дел од нивниот план и нивната стратегија, а конкретните детали ќе ги соопшти надлежното Министерство за развој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит