Грција ќе ги подобри условите во преполните бегалски кампови
Грција ќе ги подобри условите во преполните бегалски кампови во земјата, пренесуваат британските медиуми.
По постигнатиот договор меѓу ЕУ и Турција за запирање на бегалскиот прилив кон Европа, драстично се намали бројот на мигранти кои пристигнуваат во Грција. Спогодбата предвидува бегалците и мигрантите кои по 20 март ќе го „пресекуваат“ Егејско Море да останат на пет грчки острови и доколку нивните барања за азил не бидат одобрени, тие да бидат вратени назад во Турција.
Според податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, годинава во Грција пристигнале вкупно 173. 208 мигранти, од кои 60 илјади, главно Сиријци, Ирачани и Авганистанци, се блокирани на територијата на оваа земја.
Околу 15.000 од бегалците се сместени во преполните кампови на островите во Егејско Море, каде се забележува раст на инцидентите, незадоволство од условите за живот и од бавните процедури за разгледување на нивните барања за азил.
- Планираме на островите да создадеме нови, мали прифатни центри. Тоа ќе се случи или со монтирање на мали куќички или ќе бидат најдени други места за сместување... Целта е да се подобрат условите за живот, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јоанис Музалас.
„Имаме потреба од време, но тоа ќе го направиме“, додаде тој.
Министерот уште посочи дека се планира создавање на центри за приведување и засилување на полициското присуство.
Според Музалас, бавното разгледување на барањата за азил се „ахиловата пета“ на грчката администрација, но властите презеле мерки, назначувајќи уште луѓе за таа работа.
Ново на Сител
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница