Грција и Турција заедно ќе се борат против криумчарите на мигранти и нелегалната миграција
Двајцата министри се согласија да работат заедно во борбата против криумчарењето мигранти и да ја зајакнат соработката против нелегалната миграција, пишува во заедничкото соопштение на министерот за миграција и азил на Грција Димитрис Керидис и министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја, по нивната средба во Анкара, јави дописничката на МИА од Атина.
Керидис вчера беше во официјална посета на Анкара, а како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција разговорите поминале во позитивна клима.
Јерликаја го претставил напредокот што Турција го постигнала во борбата против криумчарите и ја изразил решителноста на неговата Влада да се справи со нелегалната миграција.
Грчкиот министер пак го поздравил напредокот постигнат во Еврос, но го потенцирал зголемениот број нелегални заминувања кон грчките острови во источниот дел на Егејското Море.
-Двајцата се согласија дека остануваат апсолутно посветени на решавање на проблемот со нелегалните криумчарења и ги разгледаа дополнителните форми на соработка меѓу двете земји во пресрет на свикувањето на Високиот совет за соработка што ќе се одржи во Солун во декември, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција.
Паралелно, Керидис го поканил неговиот турски колега да ја посети Атина , покана што била прифатена од Јерликаја.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка