Грчките земјоделци блокираат камиони на Меџитлија, сообраќајот за автомобили се одвива регуларно
Сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на МИА, земјоделците од северозападна Грција блокадата ја најавија за периодот од 12 до 16 часот по локално, односно од 11 до 15 часот по македонско време, а кусо по почетокот на блокадата автомобилите поминуваа без проблеми, иако сообраќајот бил со намален интензитет во споредба со претходните денови.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека земјоделците кои се собрани на граничниот премин паралелно ќе ги информираат возачите и патниците за нивните барања.
Земјоделците во Грција, на состанокот во средата одлучија да започнат со симболични блокади на патиштата, автопатите и граничните премини, а паралелно побараа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која ќе се одржи во вторник.
Освен блокадата на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, засега не се најавени блокади на другите гранични премини кон соседните земји на Грција.
Ново на Сител
-
Ангелов: Имаме шест активни пожари, дождот не ни е од голема корист бидејќи ги промаши критичните пожари
-
МНР за случајот со косовската претседателка: Побарани се информации од надлежните институции, ќе се преземат мерки во иднина да се избегнуваат вакви ситуации
-
Во Косово уапсени пет лица осомничени за тешки воени злосторства врз цивили Албанци во 1999 година
-
Тошковски и Ангелов извршија увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на с. Зеленград, пробиштипско
-
Куманово: Приведен крадец кој нападнал постаро лице на постојка
-
Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење пожар во државата
-
Службено возило на МВР удрило во 42-годишна жена од Неготинско
-
Ангелов: Пожарот во Косел е реактивиран