Грчките кредитори се усогласија околу преговорите со Атина
Грчките кредитори - Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка (ЕЦБ) - усогласија заеднички став околку меморандумот за новиот пакет помош за Грција и се надеваат дека во следните неколку дена ќе го финализираат договорот со Атина, јави ДПА повикувајќи се на дипломатски извори.
Во Брисел во тек се преговори меѓу Грција и кредиторите за нов, трет по ред, пакет-помош за Атина и двете страни се надеваат дека ќе постигнат договор пред 20 август, кога доспева рата од кредитот во износ од 3,4 милиони, што грчката Влада треба да и ја исплати на Европската централна банка (ЕЦБ).
Ако на овие преговори биде постигнат договор, тој ќе треба да биде одобрен од министрите за финансии на земјите на еврозната, од грчкиот Парламент и од парламентите на неколку членки на Европската монетарна унија.
Преговорите се водат врз основа на Мемеорандумот за разбирање на 27 страници, кој содржи список на реформи и мерки за штедење што треба да ги спроведе Грција. Согласно овој документ, грчкиот Парламент на 14 август треба да се произнесе по пакетот реформски закони со кои се предвидува намалување на трошоците за одбраната и за субвиенциите за земјоделството.
Доколку новиот договор не биде склучен до 20 август, ЕУ сепак може да донесе одлука за нова краткорочна помош на Грција по примерот на т.н. преоден кредит од седум милијаррди евра, кога на Атина и беа исплатени средстрава за подмирување на заостанатите и доспеаните обврски кон кредиторите.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот