-->
-->
Грчкиот суд одби екстрадиција на тројца од осумте турски офицери
-->
Грчкиот Апелациски суд денеска го отфрли барањето за екстрдиција на тројца од осумте турски офицери, кои побегнаа од Грција по неуспешниот обид за воен удар во Турција во јули минатата година.
Турските власти вторпат побараа екстрадирање на војниците на 30 јануари 2017 година, четири дена по одлуката на грчкиот Врховен суд тие да не бидат екстрадирани поради недоволни гаранции од страна на Турција за праведен судски процес.
Турција ги обвинува пребегнатите офицери по шест члена од Кривичниот закон, вклучително и обид за атентат на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и обид за соборување на Владата, Парламентот и уставниот поредок.
За сега не е одреден датум за разгледување на барањето за екстрадиција на останатите петмина офицери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени