Грчкиот Парламент изгласа намаување на даноците на сопственост и полесно регулирање на долговите
Првиот закон на новата грчка Влада со кој се намалува данокот на сопственост на недвижен имот и предвидува олеснувања во регулирањето на долговите беше изгласан од грчкиот Парламент со широко мнозинство и поддршка од три од опозициските партии, јави дописничката на МИА од Атина.
Со законот, специјалниот данок на сопственост ќе се намали за 22%, намалување кое се однесува без исклучок на сите граѓани, а за во иднина предвидено е дополнително намалување од 30% за мала сопственост.
За оние кои имаат долгови кон државата, според веќе постоечки закон можат да ги регулираат со 120 рати, а по денешното изгласување предвидени се дополнителни олеснувања во однос на месечната рата која се намалува од 30 на 20 евра, каматата од 5% се намалува на 3%, а мерките се однесуваат на оние кои имаат долгови до 1 милион евра.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор пред гласањето рече дека новиот закон претставува предизборна заложба на владата, но и дека законот се однесува на милиион домаќинства и бизниси.
– Земјата ги прави првите стабилни, но сигурни чекори за целосно да го остави зад себе искуството со кризата, рече Мицотакис и додаде дека првите резултати од политиката на владата се веќе видливи за граѓаните.
Денешниот закон е прв што го носи новата грчка влада, а во следните денови Парламентот ќе гласа за уште два други.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање