Грчки пратеници – лекари изразуваат подготвеност да се вклучат во битката со Ковид-19
По двајцата пратеници, еден од Комунистичката партија и еден од Нова демократија, сега и десет пратеници од СИРИЗА, лекари по професија, изразуваат подготвеност да се вратат во болниците, да го помогнат здравствениот систем и волонтерски да се вклучат во битката со пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Секретарката на пратеничката група на СИРИЗА, Олга Геровасили, која и самата е лекар, преку писмо, денеска го информираше министерот за здравство на Грција дека сите пратеници што се лекари „со целосно чувство на одговорност кон грчкиот народ и поради потребата на здравствениот систем, стојат на располагање да го поддржат здравствениот систем“.
Меѓу пратениците од СИРИЗА има кардиолог, микробиолог, дерматолог, гинеколог, хирург – специјалист за интензивна нега, педијатар.
Иницијативата за замена на пратеничкиот костумот со бел мантил ја покрена вчера Јоргос Лабрулис, пратеникот од Комунистичката партија, кој е и еден од шесттемина потпретседатели на грчкиот Парламент и кој преку писмо до првиот спикер, побара привремено да биде ослободен од должностите.
По него следеше еден пратеник од Нова демократија, додека пак во текот на денешниот ден, освен членовите на СИРИЗА, се понудија уште двајца пратеници од владејачката партија и една пратеничка од опозициската Грчко решение.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи