Грчката полиција заплени 141 килограм албанска марихуана
Грчката полиција запленила 141 килограм албанска марихуана, која со автомобил ја транспотирал албански државјанин,кој е уапсен.
- Дрогата пакувана во 130 пакетчиња била откриена во возило управувано од 46-годишен албански државјанин, кај месноста Ампелона. На предупредувањето да запре тој се обидел да избега, но по кусото следење полицијата успеа да го сопре возилото. Потеклото на дрогата е Албанија, наведува тиранскиот весник „Шекули“ во своето електронско издание.
Полицијата ја продолжува истрагата во која треба да се откријат соработниците на уапсениот албански државјанин и дестинацијата на дрогата.
Инаку албанската полиција во две одделни акции во саботата заплени околу четири тони марихуана. Во првата акција во специјално изградени скривалишта во планината Курвелеш во близина на градот Ѓирокастро откри над 3,2 тони. Во втората акција полицијата од пристанишниот град Драч откри лабоаторија за преработка и пакување на марихуана и запленети 700 килограми марихуана, кои биле откриени во една вила.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости