Гранати ја предизвикале експлозијата на аеродромот во Истанбул
Гранати ја предизвикале фаталната експлозија на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул во декември, јави Анадолија повикувајќи се на информации од истрагата.
Обвинителството во Истанбул соопшти денеска дека четири гранати биле истрелани на 23 декември од шумската област на околу два километри од аеродромот, кој се наоѓа во азискиот дел на Истанбул, во 2:15 часот по локално време.
Триесет и едно годишна хигиеничарка на аеродромот почина, откако беше погодена во главата, а нејзин колега (33) се здоби со повреди во пределот на едната рака.
Се уште не е познато, кој го извршил нападот и дали напаѓачите имаат врска со некоја терористичка организација.
При експлозијата на аеродромот, кој е втор по големина меѓународен аеродром во Истанбул, беа оштетени пет авиони.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот