Граѓански Центар АктивУм објави конкурс за фотографии за старо и ново Куманово

Граѓански Центар „АктивУм“ од Куманово објави конкурс за прибирање фотографии кои го документираат Куманово. Право на учество имаат сите граѓани кои можат да достават четири фотографии кои ќе го афирмираат духовното, културното у традиционалното наследство на Куманово, преку архитектура, обичаи, мода, современ живот, улични настани и слично.
-Предвидени се три парични награди, од 10.000, 7.000 и 3.000 денари, велат од „АктивУм„
Избраните фотографии ќе бидат изложени во рамки на уличниот фото фестивал во Куманово, и на фото изложба во рамки на НЦУК „Трајко Прокопиев“. Фотографиите ќе бидат селектирани од тричлената комисија составена од професионални и истакнати фотографи и уметници.
Фотографиите можат да се испратат на електронска пошта: info@aktivum.org.mk, со порака „Конкурс за фотографии од Старо и Ново Куманово“
Конкурсот трае до 10 октомври годинава. Тој е дел од проектот #Култура за Куманово#Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а ко-финансирана од Општина Куманово.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки