Граѓаните на Бутон раѓањето на принцот го прославија со садење на повеќе од 108 илјади садници дрвја
Бутанскиот крал Кесар Намгиел Вангчук и кралицата Џетсун Пема на 5 февруари го објавија раѓањето на нивното прво дете. Еден месец подоцна се одржа церемонија на садење дрва како вид на молитва по повод раѓањето на детето.
Во будизмот садењето дрвја има симболика на извор на животот и секоја садница претставува молитва на лицето која го сади дрвото со желба принцот да биде здрав, силен и мудар. Со оглед дека бројот 108 се смета свет во будизмот, граѓаните на Бутан засадиле 108.000 садници.
Во „Градината на среќата“ која се наоѓа во главниот град Бутан Тимбу, локалните власти ги повикуваат сите туристи и меѓународни патници да го засадат нивното „дрво на среќа“ со надеж дека ќе имаат по едно дрво кое ќе ја претставува секоја земја од светот.
Бутан е познат како една од најсреќните нации во светот, а во таа земја големо внимание се посветува на квалитетот на животот на граѓаните.
Според важечките закони на Бутон, 60 отсто од вкупната површина на земјата мора да биде под шума, а моменално имаат 75 отсто територија покриена со шума. Минатата година 100 волонери во Бутан го поставија новиот Гинисов рекорд, така што засадени се 49.672 садници за само еден час.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот