Граѓаните бараат мерки од владата против загадувањето: Дишеме отров!
Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето. Во моментот Македонија е четврта земја во светот, а втора во Европа, по заболување од канцер на белите дробови, велат од „Канцерогено општество” кои денеска потворно протестираат за чист воздух.
Тие истакнуваат дека во рок од една година да се најде чаре за сите жешки еколошки точки во државава: ОХИС, Железара, Дрисла, Јегуновце и РЕК Битола, е едно од клучните барања на здружението „Канцерогено општество”.
– Долготрајната изложеност на ПМ- честичките ја зголемува вкупната смртност во просек за шест отсто. Секојдневно се зголемува бројот на карцерогени и кардиоваскуларни болести, а сето тоа се должи на загадениот воздух на кој се изложени граѓаните. Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето, велат оттаму.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето