Македонија
3. January 2018 - 8:19

Градоначалникот Стојаноски го посети првото родено бебе во 2018 година

Првото бебе во Новата 2018 година во Охрид се роди денеска и е машко. 

Доктор Мимоза Влаши, гинеколог акушер при Гинеколошкото одделение во охридската Општа болница истакна дека мајката Катерина Глигороска и новороденчето се во добра општа состојба. Глигороска е мајка на уште две деца.

- Спонтано породување, бебето е со тежина од 3.520 грама и 51 сантиметри долго. Денес имаме и второ новороденче, женско, повторно од мајка која има уште две деца, донесено на свет со царски рез и е во добра состојба. Целиот тим им посакува на новороденчињата добро здравје, среќа и долг живот, рече Влаши.

Новите најмлади жители на Охрид ги посети градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој им посака добро здравје и им подари пригодни подароци.

- Да растат живи и здрави, среќни со родителите, да имаат успех во животот, да напредуваат и да живеат во едно здраво и среќно општество. Да биде плодна и бериќетна година и овие две деца да донесат многу успех, радост и што повеќе деца да се раѓаат во Охрид, бидејќи луѓето се главниот ресурс во едно општество, рече градоначалникот Стојаноски.

Новороденчињата за подарок од локалната самоуправа добија паричен чек во износ од 10.000 денари