Градоначалникот Стојаноски го посети првото родено бебе во 2018 година
Првото бебе во Новата 2018 година во Охрид се роди денеска и е машко.
Доктор Мимоза Влаши, гинеколог акушер при Гинеколошкото одделение во охридската Општа болница истакна дека мајката Катерина Глигороска и новороденчето се во добра општа состојба. Глигороска е мајка на уште две деца.
- Спонтано породување, бебето е со тежина од 3.520 грама и 51 сантиметри долго. Денес имаме и второ новороденче, женско, повторно од мајка која има уште две деца, донесено на свет со царски рез и е во добра состојба. Целиот тим им посакува на новороденчињата добро здравје, среќа и долг живот, рече Влаши.
Новите најмлади жители на Охрид ги посети градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој им посака добро здравје и им подари пригодни подароци.
- Да растат живи и здрави, среќни со родителите, да имаат успех во животот, да напредуваат и да живеат во едно здраво и среќно општество. Да биде плодна и бериќетна година и овие две деца да донесат многу успех, радост и што повеќе деца да се раѓаат во Охрид, бидејќи луѓето се главниот ресурс во едно општество, рече градоначалникот Стојаноски.
Новороденчињата за подарок од локалната самоуправа добија паричен чек во износ од 10.000 денари
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети