Градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша и лично достави 100 решенија за легализација во Кисела Вода
Првата седмица од преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја заокружи со 100 потпишани решенија за легализација. 100 Семејства од општина Кисела Вода синоќа лично од него и од тимот составен од дел од администрацијата и дел од советниците од Советот, го добија документот со кој нивниот објект стана легален.
- Граѓаните на Кисела Вода повеќе не смеат да бидат жртви на неажурноста на општинската администрација. Отсега, секој поднесен документ ќе биде процесиран во најбрз можен законски рок, а администрацијата ќе биде вистински сервис на граѓаните. Денес, потпишав 100 решенија за легализации и лично заедно со мојот тим ги доставивме на граѓаните кои со месеци чекаа остварување на своето граѓанско право-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Во насока на побрзо решавање на предметите, се зголемува бројот на службеници кои работат на процесот на легализација, се формираат повеќе комисии за вршење увид, со што интензитетот на работа ќе биде зголемен и легализацијата на дивоградбите ќе се одвива со забрзано темпо.
Преостанати се уште 5735 предмети. Општина Кисела Вода ги замолува граѓаните кои поседуваат ваков објект да ја докомплетираат документацијата, со што процесот на легализација би течел непречено и тие би стигнале побрзо до својот имотен лист.
Ново на Сител
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје