Македонија
13. August 2024 - 20:17

Град Скопје најавува вонредна ревизија во сите јавни претпријатија

Градот Скопје најави дека до крајот на оваа недела отпочнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија под негова надлежност.

„Справувањето со корупцијата и непотизмот во јавните претпријатија е едно од основните предизборни ветувања на градоначалничката Данела Арсовска“, велат од градот Скопје.

„Резултатите од спроведената ревизија ќе бидат објавени јавно, а доколку бидат констатирани и неправилности при работењето на раководните лица во претпријатијата, за истите ќе бидат известени и соодветните надлежни институции“ реагираа попладнево од Градот Скопје преку социјалните мрежи.