Гори руска воена база, евакуација на 2.000 луѓе
Автопатот Таврида, кој ги поврзува пристаништето Керч во Азовското Море и градот Севастопол, е затворен поради пожар што избувна на полигон во областа Киров на Крим, соопшти на руските социјални мрежи шефот на управата на Крим, Сергеј Аксенов.
– Поради пожарот што избувна на полигонот во областа Кировски на Крим, автопатот Таврида е затворен. Наскоро ќе биде објавена алтернативна рута за автомобилски сообраќај, рече тој.
Новинската агенција РБЦ-Украина претходно јави дека имало експлозии на воените полигони, но светските агенции нагласија дека извештајот не може независно да се потврди.
Аксенов додаде дека поради пожарот што избувна на воениот полигон во областа Киров на Крим, планирана е привремена евакуација на околу 2.000 луѓе во тој реон.
Руските медиуми јавија дека врска со пожарот е формиран кризен тим, со кој управува Аксенов.
Претходно руските власти соопштија дека автопатот Таврида, кој ги поврзува пристаништето Керч во Азовското Море и градот Севастопол, е затворен поради пожар што избувнал на полигон во областа Киров на Крим.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен