Гореше семејна куќа во Тетово - пожарот бил подметнат
Уште еден пожар ги потресе жителите на Тетово. Како што информираат од МВР, вчера било пријавено дека четвртокот од 17.00 до 10.00 часот во Тетово на ул.“108“ во куќата на Н.А.(62), од засега неутврдени причина избувнал пожар. Од пожарот најпрвин се запалиле креветот и тепихот поставени во ходникот, а делумно била изгорена и дрвена врата од една соба.
Пожарот најверојатно сам се изгаснал, а на местото на настанот на подот пронајдени биле три пластични шишиња, а во едно од нив имало мала количина на течност која мирисала на гориво - бензин.
Сопственикот се сомневал дека пожарот бил подметнат, наводно од страна на неговиот внук Б.А. бидејќи истиот во неколку наврати преноќевал во куќата, а двајцата имале меѓусебен спор околу нивниот имот.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице