Гореше семејна куќа во Кочани - тешко повреден 59-годишен маж
Педест и деветгодишен жител на Кочани се здобил со тешки телесни повреди и изгореници од пожар што се случил доцна синоќа во семејна куќа на улицата „Браќа Ставреви“.
Во гаснењето на огнот и извлекувањето на повредениот учествувала екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, која за краток период успеала да спречи проширување на огнот врз соседните објекти.
– Интервениравме со едно возило и тројца пожарникари, при што настраданиот го затекнавме паднат врз шпорет. Успеавме веднаш да го извлечеме надвор, по што помогна екипа од итната медицинска помош, истакна Благој Паунов, командир на пртоивпожарната единица.
Повредениот веднаш бил пренесен во кочанската болница, а поради тешките повреди и изогреници со возило на итната медицинска помош е препратен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Првичните претпоставки се дека се работи за несреќен случај, а потврда за причините за пожарот треба да се со добие од увидот што го направија надлежните органи.
Ново на Сител
-
Можни прекини на катастарските услуги поради интервенции во мрежната инфраструктура
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка - Треска во наредните четири дена
-
Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија
-
Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко
-
Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка во петок во Истанбул
-
Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж
-
Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев
-
Сончево и многу топло со температури до 40 степени