-->
-->
Големо невреме ја зафати источна и делови од западна Македонија, доаѓа ново!
-->
Уште во текот на пладневните и доцните предпладневни часови територијата на нашата држава беше зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која се спушти од север и од северозапад и истата особено на југозапад и исток услови поројни врнежи од дожд, електрични празнења, засилен ветер а регистрирана е и локална појава на град особено на југоистокот од државава поточно во околината на струмичко, објавува „Метеомакс“.
До крајот на денот ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално ќе има услови за појава на невеме со интензивен пороен дожжд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Нестабилното време со поројни врнежи и грмежи на повеќе места и тоа особено од пладневните часови па натаму ќе се задржи и во текот на утрешниот неделен ден кога повторно ќе има услови за локална појава на град а ќе биде и посвежо кога ќе започне да дува и северен ветер.
Максимумот на температурите на воздухот денес (сабота) ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени додека во текот на утрешниот неделен ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека посвежо ќе остане на запад каде и усоловите за врнежи и грмежи ќе бидат најголеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово