Големо апсење: Полицијата фати осомничени за проституција
Акциите за апсење се спроведени во текот на изминатите денови, соопшти косовската полиција.
Албанката чии иницијали се Р.А. (36) која има и српско државјанство, е уапсена денеска во полициската акција во Гњилане. Одреден и е притвор во трање од 48 часа.
Седуммина осомничени за кривично дело кое се доведува во врска со проституцијата се уапсени на 4. март во призренското село Речане. По сослушувањето кај надлежниот обвинител шестмина се пуштени да се бранат од слобода, додека косовскиот Албанец Е.К. е задржан во притвор.
Маж и жена од српска националност се уапсени на 2. март во северниот дел од Косовска Митровица под сомнение дека се занимавале со проституција. Уапсен е и С.Б. (46) и жена чии иницијали се М.Ј. (33).
Во Приштина на 1. март е уапсен косовскиот Албанец Л.А. (39) поради кривично дело присилна проституција и К.П. (29) поради кривично дело сторено во соизвршителство.
Истиод ден во Пеќ се уапсени маж и жена поради трговија со луѓе, сексуално искористување и принудна работа.
Маж и жена се уапсени и на 28. февруари во Призрен поради прислување на проституција. По сослушувањето се пуштени на слобода. Против нив е покрената кривична постапка.
Косовскито Албанец Б.К. (22) на 27 февруари е уапсен во еден бар во Косовска Митровица. Тој е осомничен за прислување на проституција.
Косовксата полиција порачува дека ќе продолжи да се занимава со акциите насочени против организираниот кримина и ги повикува граѓаните да ги пријават во најблиската полициска станица сомнителните лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток