Големата суша ја крева цената на струјата и ја уништува реколтата во Романија
Романија годинава се судрува со најсериозната суша во последните 50 години, пишува денеска весникот „Гандул“ и дополнува дека жешките денови ова лето се причина за намалување на водата во почвата и реките, што,пак, ќе доведе до покачување на цената на струјата, како и до покачување на цената на овошјето и зеленчукот.
Експертите велат дека пченката годинава е со слаб квалитет поради високите температури на воздухот. Ситуацијата со сончогледот, исто така, не е подобра, а лоша е и реколтата на грозјето.
Елена Матееску, директор на Националната управа за метеорологија, забележува дека јули бил најтоплиот месец во последните 136 години. Истовремено, јули бил и најсувиот месец од 1961 година. Матееску посочи дека неделава во цела земја ќе наврнат дождови, но тие нема да се доволни за надминување на сушата. Таа, исто така, предупреди дека се можно да падне и град.
Од службата за управување со водите посочуваат дека водостојот на Дунав е за 50 проценти понизок во однос на минатата година, а иста е ситуацијата и со помалите реки. Ова значи дека хидроцентралите немаат капацитет да произведат доволно енергија, а недоволното количество се надоместува со произведствона струја од термоцентралите. Оваа состојба најмногу ќе се рефлектира врз сметките за струја што ќе ги платат како населението, така и фирмите.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија