Голема полициска акција во Италија, уапсени 85 лица
Италијанската полиција утрово уапси 85 лица обвинети за разни кривични дела, пренесува агенцијата Анса.
Акцијата е резултат на двегодишна истрага спроведена во неколку италијански градови, од Палермо до Рим, а уапсените се обвинети за производство и дистрибуција на дрога, корупција, мито, уцена и продажба на оружје.
Меѓу уапсените е и Џузепе Витале, поранешна шефица на мафијашкото семејство „Фардака“, која соработуваше со полицијата за време на претходното апсење, а последните две години, од тајна локација, работеше на набавка и дистрибуција на дрога.
Поради корупција, уапсен е и еден затворски чувар, за кој е утврдено дека како курир ги овозможува врските на мафијашите во затворот со надворешниот свет.
Истрагата утврди дека некои локални политичари се поврзани со мафијата, а минатата година општинскиот совет беше распуштен бидејќи некои членови биле вмешани во мафијашки работи.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?