Голем народен собир денеска во 17 часот
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА за денеска од 17 часот најавува масовен народен собир со почеток од 17 часот.
-Единствениот начин како ќе не слушнат е да бидеме секој ден тука во се поголем и поголем број, утре е многу важно да дојдеме тука и да докажеме дека оваа земја има луѓе има синови и ќерќи кои што ќе ја бранат унитарноста на оваа земја. Оваа земја има народ со исправена кичма, народ со исправено чело, народ кои ја сака каква што е, а не таква каква што сакаат некои да ја направат со разни подметувања и лаги, изјави вчера пред Собранието на Република Македонија, Богдан Илиевски.
-Затоа е многу важно тој народ, народот ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, народот за мултиетничко општество, а не за бинационална, федерална држава, утре во 17:00 часот пред Владата да бидеме сите до еден и да маршираме до собранието. Има многу такви кои мислат дека можат да не излажат, но вистината навистина е како шило, денес и од самиот Зијадин Села ја слушнавме платформата за која не убедуваат дека не постои и би сакале да не убедат и нас дека не постоиме како што тоа до сега го правеа, затоа утре ќе се собереме во најголем број, порача Илиевски.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години