Голем број на заразени со коронавирусот во хрватските училишта
Секој ден во хрватските училишта има се помалку ученици во училишните клупи и помалку наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на коронавирусот што трае цела оваа недела.
Според Министерството за наука и образование, вчера 9.158 ученици во Хрватска не дошле на училиште поради позитивен тест за ковид или мерка на самоизолација, а 1.580 образовни работници останале дома од истите причини. Моментално позитивен тест имаат 6.468 ученици и 1.391 вработен, што е зголемување за 680 ученици за само еден ден и 95 вработени.
Ако на болните им се додадат и пациентите во самоизолација, за 24 часа од училишниот систем „испаднале” 1.197 ученици и 113 наставници, јавија хрватските медиуми.
За брзината со која се шири коронавирусот во училишните клупи најдобро говори податокот дека од првиот ден од полугодието, за само четири дена, бројот на заразени ученици се зголемил за 2.352, а бројот на ученици во самоизолација за 1.700. Истовремено, за четири дена училишниот персонал има 401 новозаболен вработен и уште 71 вработен во самоизолација. Вкупно, од понеделник до четврток, бројот на оние кои морале да останат дома во училишниот систем поради Ковид-19 е 4.527 ученици и вработени.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога