Џет-Сет
30. July 2018 - 14:45

Гога Секулиќ (41) во петтиот месец од бременоста го покажа стомакот и покрена лавина коментари од фановите

Фолк пејачката Гога Секулиќ е во петтиот месец од бременоста и моментално ужива на една плажа во Будва каде се разладува и се бори со горештините.

Таа се лувствува одлично и многу внимава на себе и своето бебе, а сега првпат на социјалните мрежи го покажа стомачето.

Пејачката истакна дека фотографијата ја направил Урош Домановиќ со кој чека бебе.

Таа своето трудничко стомаче не го крие, туку напротив, сега покажа како изгледа во костим за капење и под наметката остави малку да ѕирка.

Фотографијата веднаш покрена лавина коментари од нејзините обожаватели, кои беа сложни во тоа дека Гога изгледа одлично.

„Бомба“, „Убавица“, „Преубава“, се само некои од коментарите.

 

A post shared by Goga Sekulic (@sekulicgoga) on