Тенис
21. August 2023 - 11:39

Гоф го освои трофејот во Синсинати

АМЕРИКАНСКАТА тенисерка Коко Гоу е шампион на ВТА Мастерсот во Синсинати. Таа ја совлада Чехинката Каролина Мухова со 2:0 во сетови (6:3, 6:2).

 

Петтата тенисерка  на планетата имаше контрола во  целиот тек на мечот и заслужено триумфираше. 

Во вториот гем од првиот сет стигна до брејк, но не можеше да го потврди, истото беше и во шестиот и седмиот гем.

 

Гоф имаше по 16 винери и неизнудени грешки, додека Чешка имаше непропорционален сооднос - 20 директни поени и 35 грешки кои не беа иницирани од нејзината противничка.

Коко навистина зад себе има импресивни летни резултати, бидејќи пред оваа титула го освои и купот во Вашингтон, додека во Монтреал стигна до четврт-финалето.

 

Ова беше петта титула за 19-годишната Гоф во кариерата, а трета годинава.