Годишна залиха на пелени за бебињата родени во новогодишната ноќ
Децата се иднината во секое општество и треба да се радуваме на секој нов живот што се раѓа, посебно и ако така го одбележиме доаѓањето на Новата Година.
Компанијата Виолета заедно со породилиштето Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Скопје и породилиштето Мајка Тереза Чаир одлучија да израдуваат родители на десет новороденчиња кои ќе се родат во текот на новогодишната ноќ.
Имено, бебињата кои ќе се родат во текот на новогодишната ноќ во овие две породилишта, ќе добијат годишна залиха на пелени кои ги произведува компанијата Виолета.
Виолета изминатата година преку проектот„ Создаваме Заедно “помогна да се обнови и уреди просторот во ГАК каде што лежат мајките и бебињата, а освен тоа во породилиштата Мајка Тереза Чаир, Охрид и Струга беа поделени породилни пакети на секоја родилка со пелени и влажни марамици.
Од компанијата Виолета потврдуваат дека со овој дел од проектотот „Создраваме Заедно“ ќе продолжат и понатаму соработка со породилиштата и ќе бидат поддршка да на посебен начин се дочека раѓањето на новиот живот.
Како заклучок на целиот проект може да се искористи цитатот на Мајка Тереза „Не е важно колку работиш, туку важно е колку со љубов тоа го работиш и колку им помагаш на другите“.
Ново на Сител
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија
-
Тема на денот со Арбен Таравари, Министер за Здравство
-
Проширена истрагата за пожарот во Кочани, партиите и денеска со меѓусебни обвинувања
-
Одложена расправата за Коцевски, предлогот за разрешување нема да оди во Собрание
-
Пет инспекциски екипи од денеска ќе проверуваат дали се безбедни објектите за прослави и големи собири
-
Прилепскиот театар е првиот објект кој доби забрана за користење поради лошите услови
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија