-->
-->
Го запознала преку Фејсбук, ја нападнал и силувал на тврдината „Исар“
-->
М.М. (42) од Штип, заедно со неговата тринаесетгодишна ќерка, вчера во 12 часот во Полициската станица Штип, пријавиле кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, извршено од лицето А.М. (23) од Радовиш.
На 15 фервуари 2017 година околу 11 часот во Штип, на ул.„Сутјеска“, малолетничката се сретнала со А.М., со кој претходно се запознала преку социјалната мрежа „фејсбук“.
Кога се сретнале пријавениот и рекол да влезе во неговото патничко возило „мерцедес“, но таа одбила. Потоа тој физички ја нападнал удирајќи ја со рака во лицето, по што оштетената исплашена влегла во возилото.
По ова се упатиле на тврдината „Исар“ каде што А.М. го извршил половото дејствие. По пријавување на настанот А.М. е задржан во СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ