Го прободел братот во врат - семејна драма во Сарај за новогодишната ноќ
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид за убиство во семејниот дом во село Чајлане, Сарај. Како што информира ОЈО, осомничениот во вечерните часови на 31 декември во семејниот дом, при вршење семејно насилство, со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот брат.
„Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент осомничениот од џебот извадил нож и неколкупати го прободел оштетениот во вратот, нанесувајќи му убодни рани од животозагрозувачки карактер“, се вели во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност тој да се даде во бегство, можност да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело, како и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип