Го пренесувал убиството на Фејсбук- таткото го обесил бебето, а потоа и себеси
Вутисан Вонтаглај од Тајланд ја обесил својата 11-месечна ќерка, а потоа и себеси, а убиството го пренесувал во живо на Фејсбук. На тој монструозен чин се одлучил од љубомора, за да се одмазди на својата девојка, мајка на бебето. За да биде уште пострашно, таа била првата која го видела видеото и повикала полиција.
Тој ја обвинил својата девојка дека го изнеерува, се скарал со неа, а потоа исчезнал со нивното бебе Бети. Се качил на кров на една зграда, и започнал со Фејсбук лајв стрим.
Снимката покажува како стои на ивица од покривот и го држи безживотното бебе пред да се убие себеси.
Мајката на бебето го видела тоа и панично повикала полиција, но додека помошта пристигнала, веќе било прекасно.
-„Се скаравме, а јас се исплашив и излегов од дома, а Бети ја оставив со него. Кога се вратив дома нив ги немаше. Му ѕвонев на телефон за да го врати бебето, но не можев да го добијам. Тогаш ја видов видео снимката.“- зборувала мајката низ солзи.
Ново на Сител
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш