Го оштетил Буџетот за 6.156.229 денари - Кривична пријава против сопственик на ХЕЛЕНА ДООЕЛ за „даночно затајување“
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против К.Х поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „даночно затајување“ по член 279 став 2 в.в со став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот К. Х. во својство на сопственик и управител на Друштво за производство на конфекција, текстил и трикотажа ХЕЛЕНА ДООЕЛ увоз-извоз Василево Струмица во периодот од 1 јануари 2019 година до 25 декември 2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист акумулираната добивка во износ од 25.174.878 денари (која се намалува за износот на основната главнина која изнесува 6.821.668 денари, на која се додава износ од 2.588.356 денари Добивка за фискална година, при што останува добивка за оданочување во износ од 20.941.566 денари основица за Данок на добивка), евидентирана во пасивата на Билансот на состојба неосновано ја присвоил за себе, меѓу другото не извршил отпис на застарени Побарувања од купувачи во износ од 13.973.029 денари и произведените текстилни производи евидентирани на залиха во вредност од 9.959.394 денари, неосновано ги присвоил и не ги евидентирал во сметководствената евиденција како кусок.
Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, додаваат оттаму, не изготвил и не поднел Завршни сметки од 2019 година до денес до Управата за Јавни приходи и до Централниот Регистар на Република Северна Македонија, при што пријавениот К.Х. не пресметал и не уплатил Данок на Добивка во износ од 2.094.156 денари по основ на присвоена акумулирана добивка, а за неотпишаните застарени Побарувања од купувачи не пресметал и не уплатил Данок на добивка во износ од 1.397.303 денари исто така, за не прикажаниот кусок не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 18% во износ од 1.792.691 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10% во износ од 872.079 денари или вкупно 6.156.229 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови