Го навредувала сопругот преку Фејсбук, сега на Британка ѝ се заканува затвор
Британката Лејла Шахравеш се соочува со затворска казна во Дубаи, оти пред три години на Фејсбук новата сопруга на нејзиниот поранешен партнер ја нарекла „коњ“, а него – „идиот“, бидејќи се оженил со неа.
Жената инаку е вработена во прифатилиште за бездомници во Лондон. Таа може да добие две години затвор во Дубаи и парична казна од 50.000 фунти, соопштија активисти на граѓанската организација „Затворени во Дубаи“.
Шахравеш минатиот месец била приведена во Обединетите Арапски Емирати заедно со нејзинта 14-годишна ќерка Парис, со која сакала да присустваа на погребот на нејзиниот поранешен сопруг. Таа е уапсена е пред самиот погреб и тоа за „навреди“ објавени на Фејсбук во 2016 година.
Шахравеш била во Велика Британија, кога ги пишувала објавите, а нејзиниот поранешен сопруг, кој починал од срцев удар на 3 март годинава, со новата сопруга живееле во Дубаи.
Законите за кибер криминал во Дубаи предвидуваат дека лице кое ќе пристигне во земјата може да биде судено доколку негови стари објави на социјалните мрежи сè уште може да се видат.
Пасошот на Шахравеш и е одземен, а ќерка ѝ е сместена кај нивни пријатели. Организацијата „Затворени во Дубаи“ ја презеде адвокатската помош и заштита за Лејла Шахравеш.
Ново на Сител
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари
-
Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието