ГН Велика Британија: Пол позиција за домаќинот
Светскиот првак Луси Хамилтон ќе стартува од пол позиција на домашното Гран При во Силверстоун што се вози утре во рамките на шампионатот на Формула 1.
За возачот на Мерцедес ова е 4. Пол позиција оваа сезона и 6-та на Силверстоун во кариерата.
Извонреден притисок врз бранителот на титулата се очекува да направи тандемот на Ферари, главниот конкурент во битката за титулата, Германецот Себастијан Фетел и Финецот Кими Раиконен.
4. стартна позиција ја освои Валери Ботас а веднаш зад него ќе стартуваат болидите на РедБул со Макс Верстачен и Даниел Рикардо.
Пред 10-тата трка во сезоната лидер во генералниот пласман кај возачите е Фетел со 146 бода, само еден повеќе од Хамилтон додека Раиконен е трет со 101 бод.
Трката за ГН на Велика Британија се вози во недела од 15. Часот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат