Македонија
18. јуни 2023 - 17:06

Ѓуровски: Празен желудник поинаку размислува за членството во НАТО


Довербата од околу 60% во НАТО и во ЕУ треба да биде порака до политичките партии и лидерството да ја сменат комуникацијата со граѓаните бидејќи трендот на евроскептицизам ќе продолжи да расте, вели за Детектор професорот по безбедност, Марјан Ѓуровски.

Според него, лошите економски перформанси дополнително влијаат и на падот на довербата.

„Имајќи го предвид забавувањето и влогот кој го даде македонската страна реални се разочарувањата кои ги имаме кај граѓаните но сметам дека и овој процент од 60% треба и политичките партии но и носителите на институциите да ги поттикне да ја променат комуникациската стратегија и да пристапиме и кон останатите граѓани кои имаат дилема околу значењето на  членството на Македонија во НАТО“ – вели Ѓуровски.

Тој објаснува дека голема улога има и економскиот елемент

„Добра е оваа приказна со НАТО алијансата но реално граѓаните очекуваа поголем прилив на странски инвестиции, не само во делот на безбедноста и стабилноста. Едноставно, празен желудник поинаку размислува за членството во НАТО“ – објаснува Ѓуровски.