Ѓуриќ за „Катимерини“: На крајот на 2026 година Србија ќе биде подготвена за членство во ЕУ
– „Србија има јасна амбиција, а тоа е да ја заврши својата реформска програма до крајот на 2026 година и да биде подготвена за полноправно членство во ЕУ.
Сепак, прашањето за Косово и Метохија останува нерешено и би било добро земјите-членки на ЕУ да има стабилен и долгорочен стратешки консензус за иднината на проширувањето“, вели министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ во интервјуто за „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на српската дипломатија денеска е во посета на Грција и ќе се сретне со министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, а за грчкиот весник посочува дека Белград има динамична комуникација со новиот американски претседател, но и дека Србија има интерес за квалитетни политички и економски односи со Турција, додека за проширувањето на ЕУ со земјите од регионот вели дека е важно е вратата на Унијата да остане отворена.
– Грција ќе игра важна и основна улога во следниот период за европска интеграција на Западен Балкан, процес кој се надевам дека нема да биде особено долг, вели Ѓуриќ.
За односите меѓу Белград и Приштина, истакнува дека „нивното нормализирање и изнаоѓање трајно и одржливо решение за прашањето на Косово и Метохија е процес кој може да има конкретни резултати само доколку решенијата се бараат преку отворен и конструктивен дијалог и со подготвеност за компромис“.
– За Србија, јужната покраина, Косово и Метохија се неотуѓив дел од територијата на нашата земја, но тоа не значи дека Белград и Приштина, и покрај нивното несогласување околу овој фундаментален факт, не можат да се договорат за прашања од заеднички интерес, да работат на надминување на конфликтно минато и да се создаде подобра социјална, политичка и економска средина за доброто на граѓаните.
Прашањето за Косово и Метохија, освен што претставува постојан политички предизвик, но и безбедносен предизвик, е и сложено меѓународно правно прашање, посочува шефот на српската дипломатија.
На прашањето дали новата американска администрација може да влијае на прашања како што е ситуацијата во Украина, вели дека „Србија е кредибилен гарант на стабилноста во регионот“ и дека Белград има потенцијал да стане „движечка сила на економскиот развој на поширокиот регион“.
- Продолжување на подобрувањето на односите со САД и нивно претворање во вистинска стратешка соработка е еден од приоритетите на надворешната политика на Србија.
Постои силен моментум во нашата комуникација со новоизбраниот претседател Доналд Трамп за ова прашање и сум многу оптимист за иднината на српско-американските односи.
Се надевам дека новата администрација во Белата куќа, по официјалното преземање на функцијата, ќе преземе конкретни чекори за ставање крај на војната во Украина, истакна шефот на српската дипломатијаВо интервјуто, Ѓуриќ нагласува дека за подоброто поврзување на Грција и Србија потребно е зајакнување и модернизација на инфраструктурите, како и на транспортната мрежа и енергетиката.
Ново на Сител
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат