Ѓорчев: Владејачките партии да го прифатат предлогот за анулирање на акцизата за дизел горивото
Сведоци сме дека недела по недела, месец по месец, откако дојде Владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски, цената на дизелот оди нагоре. Од 46 денари сега цената ќе биде 63 денари.
Граѓаните на Република Македонија плаќаат енормно високи цени поради неодговорната фискална, буџетска и економска политика на Владата на Зоран Заев и Драган Тевдовски.
Од тие причини, бараме и апелираме до пратениците од СДСМ, на претстојната Комисија за финансирање и буџет, како и до владините претставници од СДСМ и Зоран Заев да го прифатат разумниот предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да ја анулираат акцизата од 3,5 денари која што ја наметнаа на први јануари.
Нека најдат начин да си го пополнат Буџетот, нека најдат начин да привлечат инвеститори, нека најдат начин да ги исполнат сите оние многубројни ветувања кои што ги ветија на граѓаните на Република Македонија.
Овие високи цени на дизел горивото се одразуваат на секое семејство, се одразуваат на превозниците и на целата економија во целост.
Ако еден резервоар пред само неколку месеци се полнел за со 1500 денари, сега истиот тој резервоар се полни со 2400 денари. Ако еден резервоар во камионскиот превоз од 1000 литри се полнел со една сума, сега со секое полнење е поголемо за 3,5 денари по литар.
Од тие причини поради растењето на цената на горивата се доаѓа до зголемување на цените во малопродажбата особено на производите за широка потрошувачка. Се влегува во една спирала на зголемување на цените, спирала на инфлација, а истовремено платите и пензиите во Македонија не растат.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за раст на платите и пензиите, СДСМ го одби.
Овие загрижувачки еконсомски индикатори треба некако да се пресретнат, треба да им се олесни работата на домаќинствата и индустријата и на тој начин ќе имаме какво такво ублажување на овие очигледни последици.
Ново на Сител
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд