Ѓорчев: Очекуваме стратешкото партнерство меѓу РМ и САД да се интензивира
ВМРО-ДПМНЕ му ја честита инагурацијата и стапувањето на функција на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
- Да посакаме стратешкото сојузништво помеѓу Република Македонија и САД да продолжи да се развива и да се интензивира, истакна на прес-конференција членот на ИК Влатко Ѓорчев.
Ѓорчев исто така го честита и изборот на Антонио Тајани за претседател на Европскиот Парламент.
- Господинот Антонио Тајани е долгогодишен пријател на Република Македонија, поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека со неговото претседателство во ЕП, соработката помеѓу Република Македонија и ЕУ ќе се интензивира и дека Република Македонија ќе остане на патот на она што е наша стратешка определба, тоа е полноправно членство во ЕУ, рече Ѓорчев.
На прес-конференцијата тој исто така информираше за ставовите на ИК на партијата за одлуката на СЈО да не постапува за случајот „Пуч“.
- Фарсата наречена Специјално јавно обвинителство целосно се делегитимираше себеси. ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја разгледуваше и анализираше последната скандалозна одлука на СЈО со која што Зоран Заев по втор пат избегнува кривична одговорност за криминалот во кој што е фатен, рече Ѓорчев.
Оценката на ИК, според него, била дека станува збор за срамна одлука со која што СЈО наместо орган кој што гони криминал се промовирал себеси во партиски орган на СДСМ и СОРОС, чија што основна задача е да го штити криминалот на Зоран Заев и злосторничкото здружение формирано околу него.
- Оваа одлука претставува и еден вид преседан, бидејќи експертската јавност не памети во правната пракса во Република Македонија, некој Јавен обвинител да се откаже од застапување на обвинението во оваа фаза на постапката, кога обвинителниот акт е правосилен и потврден од совет на судии. Со партиската одлука на Катица Јанева се дерогира и претходната судска пресуда изречена по признание на еден од членовите на злосторничкото здружение на Заев и Верушевски, рече Ѓорчев.
Според него, политичката одлука на Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и Верушевски се фатени во криминал и дека органите на истрагата го поткрепиле случајот со цврсти и несоборливи докази.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, ги охрабрува институциите да работат согласно Уставот и законите и да не дозволат сторениот криминал да минува неказнето. Ѓорчев повтори дека Зоран Заев не е, ниту смее да биде привилегиран и над останатите граѓани.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање