Тенис
2. February 2022 - 14:01

Ѓорческа успешна на стартот во Манакор

Лина Ѓорческа продолжува со настапи на турнирите во Шпанија. На старот на третиот  турнир во Манакор, Шпанија, нашата тенисерка ја совлада шпанката Роса Висенс Мас со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4) во меч кој траеше само само 76 минути, откако во првиот сет славеше со убедливи 6-2, додека во вториот Шпанката даде поголем отпор, но македонската тенисерка го доби сетот со 6-4.

Македонската тенисерка и во претходните недели настапуваше на првиот и вториот турнир во Манакор, но не успеа да го мине четвртфиналето ниту на двата турнира.