Тенис
7. јуни 2016 - 17:17

Ѓорческа со победа на стартот во Падова

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избри пласман во второто коло од фјучрсот во Падова (награден фонд 25.000 долари). Таа во првото коло ја победи со 2-1 во сетови Андреа Гамиз од Венецуела.
Првиот сет со 6:2 во гемови беше за нашата тенисерка, која во вториот сет имаше предност од 5:3 во гемови и гем на свој сервис. Но, Гамиз успеа да направи серија од пет гема. Го доби вториот сет со 7:5 во гемови со што изедначи на 1:1 во сетови, а потоа поведе и со 1:0 во гемови во решавачкиот сет. Ѓорческа успеа да се врати во мечот и ги доби следните шест гема за победа во мечот откако решавачкиот сет заврши со 6:1 за Ѓорческа. Мечот траеше 126 минути.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу првата носителка Јаселин Бонавентуре (Белгија) и Мартина Ди Џузепе (Италија). Ѓорческа поплднево ќе игра и меч од првото коло во конкуренција на двојки.