Тенис
12. July 2019 - 19:53

Ѓоковиќ прв финалист на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Вимблдон и во финалето откако попладнево славеше со 3-1 во полуфиналната пресметка со шпанецот Батиста-Агут.

             Српскиот тенисер во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое играат Роже Федерер и Рафаел Надал.

            Во мечот со Шпанецот Агут, Ѓоковиќ влезе максимално фокусирано и без проблеми го доби првиот сет со 6-2.

            Вториот му припадна на противникот со 6-4 но во следните два сета Ѓоковиќ повторно беше тенисерот што диктира игра и го добива третиот сет со резултат 6-3.

            Во последниот сет Агут немаше сили за нов кам-бек и освои само два гема што на бранителот на трофејот на Вимблдон му го обезбеди 6. Финале во кое ќе се бори за 5. Титула.